Досега невидени фотографии од Меган Маркл од приватната архива: Пред принцот Хари не живеела луксузно!

ИЗВОРСкопје24
|

На четврти август војвотката од Сасекс го прослави својот триесет и осми роденден, па еве неколку интересни факти за неа.

Меган не е нејзиното правилно име. Имено, кога се родила ја крстиле Рејчел Меган Маркл.

Шест години го посетувала женското католичко училиште во кое оделе само две девојчиња.

Кога имала 11 години, на телевизија видела сексистичка реклама. И пишала на компанијата со барање да ја променат формулацијата и познатата компанија се сложила.

Покрај големата љубов кон театарот, Меган обожава и политика, па така завршила двојно образование.

Работела најразлични работи, прифаќала ситни и неважни улоги само за да состави „крај со крај“.

Калиографија е нејзината втора љубов, а за да заработи дополнително работела во продавница за дизајнирање на покани за свадба. Обожава да готви и со задоволство подготвува слатки. Со јога се занимава од седмата година. Нејзината мајка е инструктор по јога, додека Меган освен јога обожава и трчање.