Ваква не сте ја виделе: Елена Ристеска со драстична промена на имиџот (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Кога е во прашање имиџот и стилот, поп-пејачката Елена Ристеска многу ретко знае да направи некоја промена на себе и со години наназад е доследна на својот стилски печат.

Досега неколкупати се има случено да ја скрати косата и да ја обои во нешто посветла нијанса од природната, но никогаш не се решила на драстична промена.

Во тоа најверојатно може да ја разубеди и сугерира нејзиниот долгогодишен стилист и пријател Даниел Николовски кој ја „пушти јадицата“. Имено, тој си поигра со една фотографија на Елена и во една од популарните апликации ја промени нејзината коса во руса.

На Елена веројатно и се допадна како изгледа, па фотографијата ја објави на својот профил на Инстаграм и појасни дека тоа е само обработка, а не реалност, а „виновникот“ за тоа е токму Даниел.

Реакциите на следбениците и фановите беа поделени, едни и порачаа дека во природна црна варијанта е поубава, на други дека и русокоса и прилега, а пак на трети му се допаѓа секако.

Дали можеби ова ќе ја натера вистински да направи ваква драстична трансформација, останува да видиме…