Хурем Султан се фотографираше со Џенифер Лопез: Фановите ја нападнаа дека си го уништи лицето (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Мерјем Узерли (35), турската актерка која македонската публика ја памети како Хурем од хит-серијата „Величествениот“, се појави на концертот на Џенифер Лопез во Анталија. На „Инстаграм“ објави фотографија со поп-ѕвездата Џеј Ло, но наместо со позитивни коментари, фановите ја „поздравија“ со остри критики.

„Си го уништи лицето“, „Промени го фризерот“, „Џенифер која е 15 години постара од тебе изгледа помладо“, се само дел од коментарите на обожавателите. Ова не е првпат тие да ја нападнат актерката. Пред неколку месеци актерката објави фотографија од детство на која јасно се гледа колку таа се променила, а причината е очигледна-пластичните операции на кои Хурем не им одолеа.

„Беше многу поубава пред естетските зафати“, ѝ порачаа фановите тогаш. Многу од нив ѝ замерија за зголемувањето на усните и за претераното нагласување на јаболкниците.

Токму тоа фановите најмногу го коментирале – колку претходно била многу поубава, а колку се уништила со операциите кои очигледно биле повеќе од една.