Потпирачот на седиштата може да ви го спаси животот – еве како

ИЗВОРСкопје24
|

Потпирачот на седиштата во возилата, не служи само за да ја потпреме главата, туку има и друга корисна намена за која малкумина знаат. Ако се најдете во несреќна ситуација да бидете заробени во автомобилот, а да мора веднаш да излезете од него, тогаш токму потпирачот ќе ви помогне.

Се што ви треба за излез се крие во него, погледнете го видеото:

Немојте да терате мода: Никогаш не возете автомобил со апостолки!

Според едно спроведено истражување во Велика Британија, над еден милион од сообраќајните несреќи се предизвикани од лица кои возеле со апостолки. Тоа само по себе е доволен факт зошто не треба да се вози во апостолки.

Подетално, апостолките поради својата форма и материјалот од кои се изработени не го зацврстуваат стапалото за ѓонот, а сето тоа придонесува во одредени ситуации стапалото да се лизне при што позиционирањето на силата на стапалото добива дисбаланс.

Појавата од ризичен настан се зголемува при високите температури, а кога нема соодветно ладење во внатрешноста на автомобилот. Тогаш се појавува потење на стапалото, предизвикано од жешкото, но и материјалот на апостолката. Тоа пак, повторно може да предизвика лизгање на стапалот, но и на апостолката од педалите.

Советот е едноставен: никогаш, ама баш никогаш не возете во апостолки. Тоа е добро за вашата безбедност, безбедноста на околината, но и за доброто на вашиот буџет. Имено во многу земји возењето во апостолки е казниво.

Во Франција ќе добиете казна од 90 евра, во Шпанија од 200 евра, а помали казни ќе добиете и во земјите од регионот. Истото се однесува и за Грција.