Грција одлучила да ги казнува туристите кои од познатата плажа Лаларија на островот Скијатос земат камчиња.
Грчките власти сакаат да го спречат тоа и на туристите да им забранат да ги крадат камчињата од плажата со кои подоцна ги украсуваат своите дворови.
Геолозите сметаат дека плажата може да биде загрозена, а низ целата плажа поставени се знаци за предупредување со казна за крадење на камчиња која изнесува од околу 400 до 1000 евра.
Туристичките агенции, како и сајтовите за патување сериозно ги предупредуваат туристите за строгите казни за крадење на камчињата.
Ова не е првото необични предупредување за туристите. Неодамна имало предупредување “балканските“ туристи да престанат да прават ајвар на летување.