Денеска се навршуваат шест месеци од заминувањето на кралот на народната музика во Србија Шабан Шаулиќ. На поменот присуствуваа неговата сопруга Гордана, трите негови деца, пријатели и многу роднини.
Неутешната негова сопруга остави и венец на неговиот гроб со посвета од која многумина заплакаа на гробот на пејачот.
-Со љубов твоја Гоца, гласеше пораката на венецот.
Таа инаку целото време беше во солзи и видно потресена се придружуваше до својот син.