Во раните утрински часови граѓаните на Флорида биле шокирани од мистериозен облак.
“Што по ѓаволите е ова?” се слуша како коментира еден минувач при снимањето на оваа појава.
Но, колку и да има необична структура овој облак, сепак не станува збор за вонземјани.
Тоа утро од воздухопловната база Кејп Карневал на Флорида било соопштено дека е лансирана ракетата “Atlas V”.
“Atlas 5” во орбитата го носи воениот комуникациски сателит “AEHF-5”, кој го направил “Lockheed Martin”, а кој на крајот ќе се состои од шест сателити кои ќе даваат глобална и безбедна комуникација за стратешко командување.
Секој од шесте сателити AEHF ќе пружи геостационарна покриеност, односно ќе лебди над истата положба над Земјата следејќи ја ротацијата на планетата.