Во швајцарскиот рај се продаваат куќи за еден франк: Сè изгледа идилично, но има и еден услов

ИЗВОРСкопје24
|

Локалните власти во италијанскиот кантон Тицино во Швајцарија продаваат куќи за само еден франк.

Главната цел на оваа симболична цена е да се привлечат нови жители во селцето Монти ди Шага во близина на италијанската граница.

На располагање се девет куќи од камен, кои купувачите по склопувањето на договорот се должни да ги реновираат според сите тамошни правила и прописи.

Куќите се наоѓаат во идилично опкружување со поглед кон езерото Маџоре, а имаат и достапни водоводни инсталации што значително го олеснува преуредувањето.