Од шанкери до таксисти: Што работеле македонските пејачи во минатото?

ИЗВОРСкопје24
|

Мик Џегер во средношколските денови работел како продавач на сладолед, Гвен Стефани била чистачка во локален ресторан за брза храна, Ози Озборн заработувал во касапница, Лејди Гага била келнерка во грчки ресторан, а Мадона продавала крофни. Пред да станат славни и богати, ѕвездите од музичката индустрија напорно работеле за да преживеат. Од своето минато не се срамат ниту македонските пејачи кои не секогаш имале привилегиран статус кој им овозможува полесна заработувачка.

Пејачот Ѓоко Танески во младоста сменил повеќе професии. Пред дваесетина години работел како шанкер, келнер и таксист. Во една прилика призна дека добро се снашол на овие фронтови и дека и денеска не би се срамел повторно да го работи истото.

Неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис сменила и Анета Наковска.

– Прва работа ми беше во агенција за недвижности, за подоцна да работам во фирмата на моите родители. Се пробав и во книговодството, а работев и на шанк во кафеана која беше сопственост на моите родители. Бев вработена и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот. Јас сум за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи. Како што велат возрасните, бадијала работи, бадијала не седи. Тоа е и моето животно мото – раскажа фолкерката во едно интервју.

Андреј и Панчо од популарното дуо „ДНК“ денес имаат хитовски рефрени и полнат сали, но популарноста воопшто не ги промени. Често евоцираат спомени за почетоците на нивните кариери и за предизвиците со кои се соочувале пред да станат познати.

– Во 2005 година една сезона работев како келнер на позната плажа на Халкидики во Грција – откри Андреј во една прилика.

Панчо, пак, за џепарлак заработувал уште во тинејџерските години. Прво бил менаџер на јуниор-забави, а работел и како келнер и шанкер.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин ТУКА.