Сообраќајот низ државата е интензивиран, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека 15 до 30 минути.
Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Иако коловозите се суви, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Инаки, пожарникари, полиција, војската заеднички патролираат на целата територија на Грција, бидејки после страшното невреме постои закана од нова опасност.
Предупредување за туристите – Наредните три дена се критични
Командирот на Националната пожарникарска служба на Грција, Василејос Матајопулос вчера прогласи највисок степен на опасност.
Ваквата одлука на сила ќе биде во наредните три дена.
Со тоа се подразбира дека, пожарникарите, полицијата и воените сили заедно ќе патролираат на целата територија, додека сите останати државни служби како и локалните исто така ќе бидат на готовс.