Силниот пеколен бран кој ја зафати нашата држава ќе трае уште утре и во среда и ќе условува ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, УВ ИНДЕКСОТ ќе има ОПАСНА вредност и ќе изнесува 9 па така граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат доколку не мораат во периодот од 10 до 17 часот.
Веќе во среда доцна попладне и навечер ќе се случи судир на две воздушни маси (многу топлата од југ и значително посвежата од север). Во ваква ситуација облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град, локално градот има услови да биде и покрупен. Веќе во четврток температурите ќе бидат пониски дури за 8 до 10 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така домашните уреди додека трае невремето да се исклучуваат од струја а исто така ивчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ за 1тв.