“Break My Heart” е насловот на новиот супер сингл на македонската ЕДМ атракција Cyrillic која од неодамна е ексклузивец на Скај Ај Ентертејмент. Се работи за модерна денс трака со моќни поп вокали во која суптилно е вградено, а истовремено силно изразено влијанието на источно европската сцена. Синглот е веќе достапен на сите светски дигитални музички платформи. Песната доаѓа во пакет со лирик видео кое ја визуелизира целата нејзина енергија, но и енергијата која Cyrillic ја шират на секој нивен настап. Лирик видеото е веќе онлајн и можете да го погледнете на нивниот YouTube канал. Линк: https://youtu.be/C1OgRwHMGy4 Со повеќе од 70 настапи низ клубовите и фестивалите ширум Македонија во последните шест месеци, електронското дуо во моментов е едно од најбараните клубски имиња во зејмата. Само пред една недела дуото ја загреваше атмосферата пред светскиот супер стар диџеј Robin Shulz на годинешното издание на “Ohrid Calling”, а беа хедлајнери на последната вечер на еден од најголемите фестивали на пивото на Балканот, прилепскиот „Пиво Фест“. За Cyrillic Електронското дуо Cyrillic го сочинуваат браќата Андреј (26) и Бојан (28) Иваноски. Како диџеи и продуценти се активни од 2014 година кога започнаа со издавање на ремикси за популарни македонски песни со кои го привлекоа вниманието на публиката. До сега имаат издадено повеќе синглови како и неколку ремиксови за други артисти. Cyrillic се уште познати по нивниот уникатен енергетичен лајф перформанс кој бувкално прави целата публика да игра со нив.
Следете ги Cyrillic
Instagram, Facebook