Бисквитната торта, вкусна, премногу лесна за приготвување, со овошје и освежувачка, директно од ладилникот, зарем има некој што би одолеал на ова слатко летно задоволство?
За денес ви го откриваме совршениот рецепт за летна торта со бисквити и кисело млеко, во која нема чоколада и премногу шеќери, што ја прави одлична за консумирање дури и доколку сте на диета.
Бисквитна торта со кисело млеко и овошје
Потребни состојки 190 гр обични бисквити 10-12 бисквити со какао (Темните бисквити може да ги замените со обични, доколку не ги претпочитате истите) За филот 500 гр кисело млеко со 3.6% масленост 3 супени лажици кисела павлака ¾ тегла слатко од малини или вашето омилено овошје 1 супена лажица шеќер во прав За декорација Свежи плодови Листови мента Сомелени бисквити Начин на подготовка
Најпрво подгответе го филот. Во еден сад, додадете го киселото млеко, киселата павлака, шеќерот во прав и слаткото од малини. Добро измешајте ги состојките до добивање на мазна текстура.
Во сад во кој планирате да го складирате десертот, поставете 8 бели бисквити и врз истите нанесете од филот. Потоа одзгора, наредете го вториот слој од бисквити, нанесете повторно од филот. Потоа по ваша желба, може да поставите и трет бисквитен ред и повторно фил врз истите, а тортата завршете ја со бели бисквити и фил одозгора.
По желба, меѓу редовите може да додадете свежо овошје, а истовремено тортата на крај декорирајте ја со истото и со малку скршени бисквити.
Складирајте ја тортата во ладилник и оставете да отстои во текот на целата ноќ.
Следното утро таа ќе биде доволно затегната и спремна за консумирање.
Пријатен апетит!