Во Алјаска секој жител добива по 2.000 долари годишно

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа година, сојузната американска држава Алјаска на секој жител ќе му исплати по 2.000 долари – без никакви услови.

Парите ќе се исплатат од Постојаниот фонд за поделба на дивиденди со кој управува Агенцијата за приходи на Алјаска.

Фондот е воспоставен во 1982 со цел државата се осигура дека идните нејзини генерации ќе имаат бенефит од огромните нафтени резерви со кои располага. Досега, на жителите на Алјаска им се исплатени преку 20 милијарди долари.

Сумата што му се исплаќа на секој жител варира од година во година, зависно од цената на нафтата. Највисока дивиденда беше поделена во 2015-та година и изнесуваше 2.072 долари по жител.

Дивиденда добива секој жител, вклучително и децата, па така едно четиричлено семејство годинава може да добие 8.000 долари.

Единствените два услова, кои не се тешки за исполнување за луѓето коишто живеат таму, се да сте во Алјаска барем 180 дена во годината и да не сте осудувани за криминал во текот на претходната година.