Оскаровецот ужива со својата поубава половина, манекенката Камила Мороне.
Леонардо ди Каприо (44) не го губи времето кога станува збор за неговиот љубовен живот. Оскаровецот, како и многу познати личности, одлучил својот одмор да го помине во Италија поточно на остовот Сардинија.
Популарниот Лео се сместил во луксузна јахта и крстарел на море во друштво со својата поубава половина, Камила Мороне (22).
Парот секој момент од летувањето го користел да бидат заедно, а изгледа дека крстарењето по Медитеранот им годело.
Камила и Леонардо уживаат на одморот заедно со актерот Шон Пен (58) и неговата девојка Лејла Џорџ (27).
Ди Каприо и Камила се во врска од 2017-та година. Со Камила, ди Каприо го запознал неговиот близок пријател Ал Пачино (79) и тоа кога Камила имала 10 години. Ал Пачино иначе е во врска со мајката на Камила. Луси Соле (43).