Од утре пороен дожд, а од четврток намалување на температурите

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Нaсекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен.

Во Скопје и околината сончево и многу топло со утринска температура до 21 степен, а дневна температура до 41 степен.

Поројни врнежи со грмежи и силен ветер од утре попладне, а заладување за пет до осум степени од четврток, најавува УХМР.

Според Управата, утре попладне и во текот на ноќта, најпрво во северните делови од земјата, на места ќе има пороен дожд со грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час. Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за пет до осум степени.