Ќе го одзатне секој затнат одвод – мора да го пробате овој генијален трик

ИЗВОРСкопје24
|

Она што навистина знае да оди на нерви се затнатите одводи. Потребно е повеќе време за да се реши овој проблем. Но, добро ќе ви дојде доколку го знаете овој трик. Не е потребно да купувате разни производи, туку само лимонтус и сода бикарбона.

Во затнатиот одвод сипете половина чаша лимонтус и половина чаша сода бикарбона. Потоа со тенок млаз сипете топла вода (1 чаша). Ќе се случи реакција помеѓу овие две состојки, што ќе направи појава на пена. На овој начин ќе ги разложите ситните делчиња храна и маснотии кои довеле до затнување.

Додадете сода бикарбона додека варите јајца – причината ќе ве изненади

За секој проблем постои решение – би рекле многумина. Навистина е така, барем кога станува збор за варењето јајца. Се работи за фантастичен трик кој ќе ви го олесни животот.

Стручњаците велат дека јајцата кои се стари околу 7 и 10 денови се идеални за варење и најлесно се лупат. Сигурно сте забележле дека некои јајца ги лупите без проблем додека претставуваат проблем.

За да се избегнат такви непријатности, додека ги варите додадете лажица сода бикарбона. На овој начин ќе се зголеми киселоста на јајцето и ќе немате никаков проблем при неговото лупење.

Јајцата речиси сите ги чуваме во ладилник за да не се расипат.
Сепак, главното прашање е дали има потреба за тоа. Јајцата всушност треба да се чуваат во фрижидер иако има многу мерки за заштита од салмонела и други бактерии, особено додека да дојдат до маркет.

Исто така и повеќето кокошки се вакцинирани во Европа од салмонела.

Сепак, на собна температура не се чуваат повеќе од два часа.