Водителката на емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова ужива на семејниот одмор на грчкиот остров Скијатос.
Живкица на својот Инстаграм профил објави фотографија во бикини, од познатата плажа Лалариа на која се стигнува само со брод. „Само оставете ме тука“, напиша таа под фотографијата.
„ Навистина имаме убава бројка од деца дома. Во улогата на мајка, верувам се снаоѓам како и секоја друга, станувате жена лавица, правите сè што сте мислеле дека нема да можете, наоѓате сила да бидете и лекарка и учителка, и тешителка и другарка. Навистина е многу благородно, а воедно и едно сосема поинакво животно искуство да се биде мајка, родител. Се обидувам да бидам тука за нив, покрај нив, но да бидам тука и за себе и за сопругот“, изјави Живкица за Женски магазин за сопругот Зоран и за децата Даријан, Марко и Ана.
Таа со интересна фотка за денот на шегата ги покажа и ги пофали своите три деца за кои вели дека и се најголемото богатство во животот.
Тие ќе го спасат светот, напиша водителката.
– Ана, Марко и Даријан, се децата на Живкица и на Зоран Каленикови.
„Прекрасно чувство на среќа, радост, три пати повеќе љубов, некогаш заморно, но секогаш забавно. Уште како девојче кога ја игравме онаа играта со цртање коцка за тест за иднината пишував дека сакам 3 деца. И како велат, внимавај што ќе посакаш :)))) Веројатно она што си го посакувате потсвесно се реализира во реалноста и во иднината. Отсекогаш сонував за големо семејство и еве сонот се исполни и навистина сум многу исполнета и среќна“, изјави Живкица во едно интервју пред неколку години.