На свадба му пееше Цеца, на роденден Анастасија – Погледнете ја атмосферата на прославата на познатиот бизнисмен (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Бизнисменот Драгослав Илиќ, кој се заминава со дистрибуција и продажба на нафта во Венецуела, дошол повторно во Србија за да го прослави својот роденден. Славењето било организирано во еден белградски ресторан.

На прославата меѓу присутните се најде и Анастасија Ражнатовиќ која во еден момент запеа песна од нејзината мајка Цеца, „Кукавица“.

-Благподарам многу за ова убаво дружење и овој прекрасен глас, напиша Гаги во описот на видеото на кое пее Анастасија.

слика

За потсетување, Илиќ во 2006 година организираше раскошна свадба во еден од најпознатите хотели во Буенос Аирес, на која пееја Цеца, Мира Шкориќ и Аца Лукас.

Видеото погледнете го ТУКА.

Инаку, Цеца неодамна за „Свет“ проговори за својот емотивен статус и дали е емотивна исполнета.

„Јас ќе се омажам пред сите нив. Јас ќе правам венчавка и се“ се пошегува Цеца, па откри дека има момче и дека е емотивно исполнета.

„Не размислувам така, јас сум возрасна жена и никогаш не сум зборувала за својот приватен живот бидејќи мислам дека не треба да биде дел од јавноста.Ако одлучив животот да ми биде на тацна, барем можам љубовта да ја сокријам за себе. Никогаш не бев врзана за формите, ја сакам слободата, важно ми е да сам среќна и исполнета“ вели Цеца и додава:

„Да, емотивно сум исполнета, среќна и задоволна. Ја сум сакана жена“ вели пејачката.