Полна месечина во Водолија настапува на 15 август: Нови можности за Биковите и Јарците, драма за Шкорпиите

ИЗВОРСкопје24
|

Полната месечина во Водолија настапува на 15 август. Се случуваат важни трансформации па нешто морате да отфрлите од минатото за да можете да одите напред и да очекувате подобро утре. Многу личности ќе уживаат во забава со другите, додека други пак ќе сакааат да се сами.

Мала драма ги очекува Раковите, Шкорпиите и Раковите чија вода е заматена па сега треба да испливаат кон брегот. Повеќе среќа и отвореност доаѓа за Водолиите, Вагите и Близнаците кои ќе го отворат своето срце и храбро тргнуваат кон нови луѓе и искуства.

Голем професионален успех доаѓа за Биковите, Јарците и Девиците. Се раѓаат нови идеи и нови информации доаѓаат за вас за да постигнете нови успеси. Овните, Лавовите и Стрелците учат нови техники за справување со животните ситуации. Многу личности кои ќе го најдат својот сојузник во текот на овие денови и ќе постигнат големи успеси.

Овен

Вие ќе се чувствувате среќно, задоволно и исполнето не само во периодот на полната Месечина, туку и во текот на целиот месец. Убавата положба на Венера ви носи многу љубов, работа и неверојатна заработувачка. Ако се занимавате со креативна работа, сигурно ви доаѓа јавно признание или некаков вид на награда. Обрнете внимание да не ги навредите луѓето со кои работите.

Бик

За вас доаѓа потешка енергија и напнатост. Многу личности можат да очекуваат потешкотии поврзани со работата, но доаѓа вистинско време за силни професионални потфати и голем успех на ова поле. Сега е вистинско време да ја отворите душата и да разговарате со стручно лице за своите проблеми. Медитирајте, опуштете се и внимавајте што јадете.

Близнаци

За вас доаѓаат договори, дружења и патувања повеќе од вообичаено. Многу Близнаци ќе имаат среќа со парите. Колената се чувствителни, па затоа чувајте ги. Исто така, доаѓа до хармонизација на односите со оние кои ви значат, па тоа ќе ве направи и посреќни.

Рак

Вам ќе ви се случат работи за кои сте сонувале многу долго на полето на финансиите, па затоа ќе морате да го искористите тоа. Сега е вистински момент за промени, бидејќи потоа ќе биде доцна. Некои Ракови треба да се многу внимателни во сообраќајот. Можни се и проблеми со дишењето.

Лав

Ова е ваш месец, па така ве очекува и голема среќа на ова поле. За вас само небото е граница. Ќе уживате интензивно овој период и тоа ќе ви дојде одлично. Оваа полна Месечина носи и нетрпение за да почнете нешто ново во животот. Енергијата е огромна и можете да постигнете сè што ќе посакате.

Девица

Кај вас се случуваат промени, како лично, така и со партнерите на работа и во љубовта. Многу Девици се најмоќни во освојување на оние кои им се допаѓаат, па така ќе ја имате секоја личност која ќе ја посакате. Нагласена е голема харизма, моќ, независност и нови животни патишта па вие одберете што сакате.

Вага

Искористете ги шансите кои ви ги носат планетите. Многу Ваги за време на полната месечина имаат убави шанси за нови планови, деца, љубов, забава и убави дружења. Некои нови проекти доаѓаат за вас. Некои Ваги кои имаат стресна работа, треба да внимаваат на стресот.

Шкорпија

Кај вас, енергијата е тешка и овој месец кај вас ќе се разбудат стари стравови кои едноставно треба да ги игнорирате. Многу Шкорпии ќе се заљубат преку работа, бидејќи ќе делувате како магнет за луѓето околу вас. Бидете внимателни околу себе, не излегувајте премногу на сонце, добро одморајте.

Стрелец

Ова е одличен период за вас. Сонцето, Венера и Марс ви се наклонети, па така убаво ќе ви биде за време на полната Месечина, но и во текот на целиот месец. Овој месец е добар за патување и различни забави. Стапалата ви се лоша точка па добро би ви дошла масажа.

Јарец

Кај вас, многу работи се поврзани со плановите и финансиите за време на полната Месечина. Ако имате недоразбирања во врската, сега е време да ги решите. Ретроградното движење на Уран би можело да ви донесе застој, доцнења. Сепак, добро е да одмарате и да внимавате многу како се храните.

Водолија

Кај вас се случува полна Месечина која ќе влијае на вашиот ментален склоп, физичко тело и односи со партнерот. Сега треба да бидете трпеливи и да не брзате со обврските. Одредени Водолии ќе имаат одлични емоционални и љубовни понуди, па од вас ќе зависи што сакате понатаму. Ако сте во затегнати односи со саканата личност, сега е време да ги хармонизирате односите.

Риби

Сега е вистински момент да го решите тоа што ве мачи, бидејќи подоцна ќе биде потешко. Ако не сте сигурни што треба да направите, консултирајте се со личност во која имате доверба. Некои работи ќе бидат комплицирани на полето на љубовта, но имајте верба во себе. Хранете се здраво и не ја растурајте енергијата на работи кои немаат никаква поента.