Поп пејачот Рики Мартин и неговиот сопруг, уметникот Џуан Јосеф претходната година станаа родители на ќерката која ја крстија Лусија Мартин, а која ја добија преку сурогат – мајка.
Рики сега за првпат објави фотографија од неговата ќерка и ги разнежи фановите.
„Родена е на мојот роденден. Тоа е супер. Почнуваме од почеток, имам прекрасен сопруг кој се грижи за бебето. Се е прекрасно“ изјави Мартин во една прилика.
Парот ја започна врската кон крајот на 2016 година и кон крајот на истата го запроси Џуан. Пред две години врската ја крунисаа со брак.
Мартин има и близнаци, синовите Матеа и Валентин.