Стереотипите честопати се стереотипи со причина, а се чини дека стереотипот дека возачите на брзи автомобили најчесто добиваат казни е потполно точен.
Попрецизно, возачите на моделот Subaru Impreza добиваат најмногу казни за брзо возење. Најновото истражување испитувало 1,6 милиони апликации за осигурување на автомобили за да создаде листа од 10 автомобили чии возачи добиваат најмногу казни за брзо возење.
На врвот на оваа листа е моделот Subaru Impreza WRX. Веднаш по него се наоѓаат Scion FR, Volkswagen Golf GTI и Hyundai Genesis Coupe.
На средината на листата се наоѓаат неколку интересни модели како што се Jeep Wrangler Unlimited и Dodge Ram. Помеѓу автомобилите на дното на листата се сместени Dodge Dart, Infiniti G37, стандардниот модел Subaru Impreza и Hyundai Veloster.
Ова е прилично интересен список бидејќи во САД можат да се купат и многу други европски модели како што се Mercedes, BMW и Jaguar, но се чини дека нивните возачи се нешто поумерени кога е во прашање притискањето на педалата за гас.