Важно известување за сите кои ќе летуваат во Грција од денес до 20 август

ИЗВОРСкопје24
|

Предупредување за оние кои до 20 август планираат да заминат на одмор во Грција. Утре кај нашите соседи се прославува големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Овој ден е неработен.

Помеѓу 14 и 18 август, на патиштата, плажите и летувалиштата ширум Грција се очекуваат поголеми гужви од вообичаените, ако се земе в предвид дека и самите домаќини сакаат да се одморат за празниците во некои од хит-дестинациите кои ги посетуваме и ние. Се препорачува да се избегнува Грција до 20 август ако немате резервирано сместување, а особено ако патувате со мали деца.

Исто така, можни се и поголеми задржувања на граничните премини и на патарините, па имајте го и тоа в предвид ако овој викенд ваш избор се токму грчките плажи. Задолжително одморете се пред да појдете на пат. За секој случај, со вас понесете доволно вода и овошје. Почесто правете пауза, возете внимателно и бидете трпеливи.

Извор: zenskimagazin.mk