Таа е последната Мис Југославија: Денес живее во Емиратите и има три деца

ИЗВОРСкопје24
|

Ана Шаргиќ титулата мис ја понела во 2002-ра година. На светското натпреварување во Лондон влегла во Топ 20.

“На 19 години станав последната Мис Југославија, во 2002-ра година и ја преставував земјата на изборот Мис на Светот. На изборот имаше повеќе од 110 убавици од целиот свет, а јас успеав да се пробијам во топ 20 и да се изборам за 11-то место. По успешниот пласман на светскиот избор ми се отворија големи врати од светот на модата. Тогаш почнав активно да патувам и да се посветувам на манекенството. Секако, напоредно и студирав”, изјавила своевремено Ана.

Денес, таа живее во Обединетите Арапски Емирати, од 2010-та година е во брак со Реза Калантраиан со кој има две ќерки и еден син. Живее на релација Дубаи-Белград-Берлин, а според нејзиниот профил на Инстаграм јасно се гледа дека води многу активен социјален живот.

“Морам да признаам дека е многу напорно. Има повеќе од 2 години како се откажав од спиење подолго од четири часа. Имам близначки и се подразбира дека сум им многу посветена. Од друга страна, многу ја сакам својата работа и единствен начин да бидам среќна и задоволна е да балансирам и да пронајдам средина”, рекла таа пред да го роди синот.

Ана работи во една арапска компанија, и уште е вистинска убавица. Здравата исхрана и редовното вежбање влијаеле на нејзината фигура.

Се дружи со светски познати луѓе, а често знае да објави и по некоја фотографија од луксузните дружби.