За да го исчистиме својот дом, често купуваме скапи хемиски средства кои се многу опасни. Ова средство за чистење може да го направите многу лесно и ќе ви го олесни чистењето на фугите меѓу плочките.
Се што ви е потребно е: литар и половина вода, 1/2 чаша сода бикарбона, 1/3 чаша сок од лимон и 1/4 чаша алкохолен оцет.
Во водата растворете ја содата и досадете го лимонот и оцетот. Почекајте да помине хемиската реакција, па со четкичка или крпа нанесете на фугите и гледјте како нечистотиите ќе изчезнат пред вашите очи.
Ќе го одзатне секој затнат одвод – мора да го пробате овој генијален трик
Она што навистина знае да оди на нерви се затнатите одводи. Потребно е повеќе време за да се реши овој проблем. Но, добро ќе ви дојде доколку го знаете овој трик. Не е потребно да купувате разни производи, туку само лимонтус и сода бикарбона.
Во затнатиот одвод сипете половина чаша лимонтус и половина чаша сода бикарбона. Потоа со тенок млаз сипете топла вода (1 чаша). Ќе се случи реакција помеѓу овие две состојки, што ќе направи појава на пена. На овој начин ќе ги разложите ситните делчиња храна и маснотии кои довеле до затнување.