Денеска во попладневните часови, како што беше најавено и од порано, Скопје го зафати кратко невреме проследено со силен ветер и пороен дожд.
Силниот ветер предизвикал паѓање на неколку дрва во општина Центар, информираше градоначалникот Саша Богдановиќ на социјалните мрежи.
„По краткиот, но силен ветер паднати се дрва на неколку локации во Центар. Екипите се на терен. Пријавете и вие ако забележите паднато дрво на 195, а во случај на дожд и поплавување на бројот на Водовод и канализација на 02 3073010“, напиша Богдановиќ на Фејсбук.
По краткиот, но силен ветер паднати се дрва на неколку локации во Центар. Екипите се на терен. Пријавете и вие ако…
Gepostet von Саша Богдановиќ am Mittwoch, 14. August 2019
Како што претходно информиравме силниот ветер, проследен со дожд, откорна и дрво од дворот на градинка во Автокоманда.
Од УХМР покрај засилената облачност и повремените поројни дождови, за денес се најавени и грмежи, засилен ветер и услови за град.
Умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува да имаме и до доцна вечерва. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи.
Времето утре променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер.Температурите меѓу 18 / 28 степени.