Кристина за разводот со Кајмакоски: Бев во депресија по разделбата

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската манекенка Кристина Димитријевска од Тетово, поранешна Мис на Македонија и поранешна сопруга на поп пејачот Даниел Кајмакоски, конечно се огласи во јавноста за разводот со славниот пејач. Таа за магазинот „Backstage“ изјави дека поминала тежок, депресивен период после разводот, но дека тоа сега останало во минатото. Таа во изјавата вели дека со Даниел останале пријатели и дека најмногу од се сакаат да бидат добри родители на малиот Давид.

По успехот на „Х фактор“, Даниел стави „пауза“ на својата музичка кариера и повеќе беше посветен на својот емотивен и приватен живот. Токму поради тоа тој се оствари во улогата на татко и започна заеднички живот со својата сопруга Кристина.

Даниел и Кристина максимално уживаа во својата љубов и во улогата на родители, а Кајмакоски секој момент го посвети на синчето Давид.

Но, како што велат се што е убаво кратко трае, така и на брачната идила на Кајмакоски му дојде крај. По веста за разводот, пејачот се врати на музичката сцена и повторно е акутелен со настапи во регионот.

Ниту обврските, ни ниту музичките активности не го спречуваат да ужива во татковата љубов. Иако ја крие приватноста и на социјалните мрежи ретко објавува фотографии, овој пат Кајмакоски направи исклучок.

Тој на својот Фејсбук објави фотографија од Давид, а во описот напиша: „Моето момче“. Во февруари оваа година синот на Даниел наполни две години.