Температурен шок: До вчера 40 степени, денеска 19, ова е состојбата попладнево

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а долж Повардарието со засилен северен ветер.

Максималната температура ќе се двужи од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер и температура до 28 степени.

Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Ова се моменталните температури. Денеска некаде и 19 степени, додека до вчера живата на термометарот покажуваше 40. Мора да признаеме, спуштањето на температурите навистина добро ни дојде на сите по пеколот.

Инаку, вчера во попладневните часови, како што и беше најавено од порано, Скопје го зафати кратко невреме проследено со силен ветер и пороен дожд.

Силниот ветер предизвикал паѓање на неколку дрва во општина Центар, информираше градоначалникот Саша Богдановиќ на социјалните мрежи.

„По краткиот, но силен ветер паднати се дрва на неколку локации во Центар. Екипите се на терен. Пријавете и вие ако забележите паднато дрво на 195, а во случај на дожд и поплавување на бројот на Водовод и канализација на 02 3073010“, напиша Богдановиќ на Фејсбук.

По краткиот, но силен ветер паднати се дрва на неколку локации во Центар. Екипите се на терен. Пријавете и вие ако…

Gepostet von Саша Богдановиќ am Mittwoch, 14. August 2019

Освен во општина Центар силниот ветер проследен со дожд, откорна и дрво од дворот на градинка во Автокоманда.