Фолк-пејачката Ана Бекута која следниот месец ќе наполни 60 години, донесе одлука драстично да ги смени животните навики. Таа ослабе околу 15 килограми последнава година, а за српски „Курир“ ја откри тајната на добриот изглед.
„Допрва планирам сериозно да ослабнам. Ова е концепт со кој се вежба кардио, и наутро и навечер. Кога имам време одам на вечерниот, иако утринскиот е подобар и мастите повеќе се топат затоа што немаш шеќери во организмот. Напорна ми е работата и станувањето рано, не можам да станам во 7 наутро за да вежбам. Но , полека одам кон целта и се враќам на старата килажа. Целосно ја променив исхраната, консумирам здрави намирници, ми се промени и квалитетот на кожата“, вели Ана за српски „Курир“.
Пејачката исто така открила и дека често готви кога е дома, а нејзина главна состојка е маслиновото масло.
„На моето семејство им се допаѓа мојот режим на исхрана’, додала Бекута.
Погледнете како Бекута изгледаше пред промените и сега, и самите донесете заклучок за тоа колку исхраната и вежбањето влијаат на изгледот и здравјето на луѓето.
Бекута пред да започне со режимот на исхрана
Ана Бекута сега