Славчо Попоски: Следува понатамошно ЗАЛАДУВАЊЕ – температурите паѓаат под 10°C

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на МНОГУ ПОСВЕЖА воздушна маса која продира од север понатаму ќе услови нов пад на температурите на воздухот и истите до утре изутрина понекаде ќе се спуштат и под 10°C,, односно минималните температури на воздухот до утре изутрина ќе се спуштат во интервалот од 9 до 18 степени во најтоплите предели од државава. На планинските места температурите на воздухот се очекува да се спуштат дури и под 5°C. Со ова температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината односно ќе бидат пониски од нормалните.

Ќе продолжи да дува умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално и подолги додека и понатаму се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи.

НАПОМЕНА: Оваа нагла и голема промена на времето МНОГУ ЛОШО ќе влијае особено врз метеопатите каде се можни и поголеми здравствени проблеми.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ