Блогерството и инфлуенсерите на социјалните мрежи, во светот не се никаков новитет, но кај нас и во регионот, сега е нивното време. Сепак, оваа работа кај нас им се исплати само на познатите, а најмногу на популарните водителки и пејачки. Врвот го достигнува Лила, која слободно може да се каже дека е најпопуларна, а тоа не го докажува само бројот на следбеници на Инстграм кои ги има, туку и бројните соработки со разни брендови и компании кои ги остварува.
Иако е постојано активна со ваквите објави на својот профил, Лила умешно знае како да не биде нападна, туку напротив да биде интересна, најпрвин таа да им се допадне на луѓето, а потоа и производот кој го промовира.
За тоа да е така, потребна е добра стратегија, смислен говор, локација… А Лила е вистински експерт во тоа. Иако Лила досега не правела фотосесија во скопската зоолошка, таа се почувствува повикана по прозивката на ПР-от на зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, која на Фејсбук ги прозва инфлиенсерките и блогерките во обид, веројатно поттикната од некоја случка во зоолошката градина, па напиша:
До сите новопечени инфлуенсерки и „wannabe“ блогерки:
– Не, не може да јавате слонче – Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа – Не, не може да го држите Коко за рака и као демек шетате – Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар – Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF – Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче – Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen
Наместо да ви текнуваат вакви будалаштии, дојдете фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете, пишува Тина, а Лила не можеше да додржи да не одговори, особено за втората потточка со тигарот и тигрестата „купаќа“.
„Утре доаѓам, и баш сакав да легнам покрај тигарот, ама немам тигреста купаќа, види смисли нешто“ – возврати Лила.
Вистина.мк