Постои една поговорка која вели „Каде и да си, дома да си“, а домот е еден од омилените катчиња каде сакаме да се релаксираме и опуштиме по секојдневните обврски. Македонската пејачка Сара Мејс заедно со сопругот Димитар Атанасовски и ќерката Илина ужива во семејната идила, а секој момент го користат да го поминат заедно.
Сара набргу по породувањето се врати на своите музички активности, а за тоа често ги известува своите следбеници на социјалните мрежи.
Меѓутоа, пејачката ги известува и фановите и за детали од семејна атмосфера каде што се игра со ќерката, готви или пак некоја шега со сопругот.
Бидејќи моментално се актуелни летните одмори, деновиве Сара на својот „Инстаграм“ сподели фотографија со Димитар на која покажува дека се во базен, а во описот на фотографијата напиша: „Мајко – тактински обврски“.
Меѓутоа, Сара пред нејзините следбеници од својот дом го покажа и погледот од нејзината дневна каде претпоставуваме дека поминува најголем дел од времето.
„Моменталниот поглед од мојата дневна соба. Фала ти Боже“ напиша пејачката на фотографијата.