Слаткар славеше роденден на сцена, а најубавата роденденска честитка ја доби од сопругата Сања (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Марко Маринковиќ – Слаткар вчеравечер го прослави својот 33 роденден.

За разлика од претходните родендени за кои правеше прослава со најблиските, годинава роденденот го помина на сцена.

Имено, во рамките на „One love tour“, тој настапи во Струмица на традиционалниот фестивал „ Струмица опен“.

Бидејќи беше славенички ден за него, фановите го изненадија така што една девојка се качи на сцената со торта во рацете, а честитки доби од многубројната публика.

Моментите од возбудливата вечер се најдоа и на неговиот Инстаграм профил каде исто така честитките се редеа до недоглед.

Сепак, онаа роденденска честитка која најмногу се издвојуваше, беше онаа на неговата сопруга Сања Николиќ- Маринковиќ која гласи:

– Не го нарекуваат кралот за ништо!Слаткаристика е роден да биде крал! – пишува Сања во честитката за својот сакан.

Интересно е тоа што Слаткар и Сања се родени во ист месец, а за шест дена таа ќе го прослави својот 37-ми роденден.

Како Слаткр ќе и врати на својата сакана женичка, останува да видиме…