Врие полиција пред новата Градска болница во Скопје каде на итен лекарски преглед е спроведе затвореник од висок безбедносен ризик, односно затвореник кој е поранешен припадник на терористичката организација ИСИС, дознава „Слободен печат“.
Додека „болниот“ затвореник го носеа на низа прегледи, болницата беше обиколена од полициски специјалци, вооружени со автоматско оружје во рака, а дел од нив и со црни маскирни „фантомки“.
Голем број од граѓаните кои минуваат крај болницата застануваа да видат што се случува, а тие пак што веќе беа внатре, во разговор со репортерската екипа на „Слободен печат“ велеа дека се вознемирени од вооружените полицајци кои секој минувач добро го „снимаа“ каде оди и што носи.