Откако во кавгата меѓу Јелена Карлеуша и Аца Лукас беа вмешани и нејзините деца, се огласи и Цеца Ражнатовиќ.
Во медиумите се појави вест дека Вељко Ражнатовиќ жестоко ја навредил Карлеуша, но Цеца го демантира тоа. Таа вели дека Вељко нема фејсбук-профил и дека профилот што се појавил во медиумите е лажен.
„Моите деца имаат само инстаграм-профил кој е верификуван токму од причина да се заштитат од манипулациите на болни луѓе. Тој никогаш не би го објавил, ниту би го напишал тоа бидејќи неговото воспитување тоа не му го дозволува, особено кога женскиот род е во прашање. Тој е млад, спортист. Никогаш не влегуваше во тие војни ниту јавни препукувања на олку примитивен и вулгарен начин. Овој профил е пријавен и јас демантирав на Инстаграм.
‘Ништо повеќе не би коментирала и би ставила точка на ова“, рекла пејачката не сакајќи да ги коментира изјавите на Карлеуша.