Елена Ристеска со емотивна роденденска објава: „Се роди со 100 грама“

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската пејачка, Елена Ристеска, денеска има навистина убава причина за славење. Ќерката на нејзината сестра, односно, нејзината единствена внука, Делфина, денеска го прославува 5-от роденден.

Тета Елена, на својот Инстаграм профил објави колаж со фотографии, под кои напиша емотивна порака за Делфина, со која ги разнежни фановите.

Со оглед на тоа дека слатката Делфина се родила со само 100 грама, тоа веројатно бил еден од тешките периоди во животот на Елена, кога морала да му се посвети максимално на семејството и да ѝ биде најголема поддршка на својата сестра.

„Радоста што ми ја носи ги компензира сите несреќи, да можам душата би ја дала за неа, секој ден сè повеќе ме прави среќна, ме смее до солзи, како себе да се гледам на нејзини години“, меѓу останатото напиша Елена во објавата.

Објавата за неколку часа собра речиси 2000 лајкови, а фановите во коментари ѝ го честитаат роденденот на Делфина. Елена често објавува фотографии со неа, преку кои нѝ доловува колку таа е важна во нејзиниот живот.

Честитките може да ги погледнете ОВДЕ.