Скопје на листата најевтини градови за живеење во Европа

ИЗВОРСкопје24
|

Балканските градови доминираат на листата

Бизнис Инсајдер објави листа на 26 европски градови во кои може да се живее со помалку од 600 фунти (€690) месечно.

Најевтините градови за живот се во Романија (седум), потоа следува Украина (пет), Русија (три), Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина (сите по два), и Македонија, Албанија, Косово и Белорусија (само по еден).

Листата е составена врз основа на економската ситуација, културата и можностите за вработување. Од БИ назначуваат дека цените не се секаде исти, односно варираат од регион во регион.

Месечните трошоци од 690 евра се една третина од трошоците на жителите на Лондон и половина од трошоците за живеење на луѓето во Манчестер, Глазгов и Ливерпул.

Листата на градови во кои може да се живее со пристојно со месечни примања од 690 евра изгледа вака:

26. Сараево, Босна и Херцеговина – 680 евра

25. Казањ, Русија – 672 евра

24. Новосибирск, Русија – 670 евра

23. Варна, Бугарија – 664 евра

22. Темишвар, Романија- 664 евра

21. Нижњи Новгород, Русија – 660 евра

20. Јаши, Романија – 652 евра

19. Тирана, Албанија – 636 евра

18. Бања Лука, Босна и Херцеговина – 627 евра

17. Минск, Белорусија- 622 евра

16. Пловдид, Бугарија -620 евра

15. Сибињ, Романија – 617 евра

14. Скопје, Македонија – 614 евра

13. Брашов, Романија – 610 евра

12. Нови Сад, Србија – 600 евра

11. Велики Варадин, Романија – 594 евра

10. Арад, Романија – 583 евра

9. Киев, Украина – 565 евра

8. Кишињев, Молдавија – 560 евра.

7. Одеса, Украина – 557 евра

6. Ниш, Србија – 542 евра

5. Крајова, Романија – 530 евра

4. Приштина, Косово – 502 евра

3. Харков, Украина – 469 евра

2. Л’вив, Украина – 465 евра

1. Днепар, Украина – 450 евра