По 1.000 евра за секој што од странство ќе се врати назад – мерка со која малото далматинско место им пркоси на Германија и Ирска

ИЗВОРСкопје24
|

Секој што ќе се врати од странство во своето родно место ќе добие 1.000 евра.

Со оваа мерка хрватската општина Градец им пркоси на Германија и Ирска, земји во кои се иселиле најголем број хрватски државјани.

– Целта е да се вратат младите во родното место, вели градоначалникот на Градец, Матко Буриќ.

Секој повратник кој ќе го повлече носталгија и среќата ќе ја побара на подрачјето на градската општина ќе добие половина од износот по склучување на договор со општината, а втората половина после година дена поминати на подрачјето на Градец.

Сепак, тука нема да бидат опфатени луѓето кои се на сезонска работа во БиХ или Словенија на пример.