Најскапата куќа во Европа ја дизајнирал унгарскиот архитект Анти Ловаг, а се градела од 1975 до 1989 година. Изгледа како купови меурчиња, а за неа треба да издвоите дури 455 милиони долари.
Palais Bulles (палата – балонче) е популарното име за куќата во Кан, која воедно е и најскапата куќа во Европа. Името е јасно бидејќи првиот поглед на куќата остава впечаток на секого – футуристичката куќа од далеку изгледа како куп од меурчиња.
Изградена е за славниот моден дизајнер Пјер Карден, кој можел да ужива во 10 спални соби и голема дневна соба, како и во пространи градини заедно со базени и езерца.
Но, за да станете сопственик на тој имот треба да бидете меѓу екстремно богатите, бидејќи вредноста на куќата е 455 милиони долари.