Нигериецот Опејеми Енок тврди дека го има решението за еден од најголемите математички проблеми на сите времиња, прочуената Риманова хипотеза.
Меѓутоа, институтот “Клеј” којшто понуди милион евра за решението, се чини дека не се брза за да го прогласи и за добитник на наградата.
Американскиот институт “Клеј” понуди награда од милион долари за секој оној којшто ќе успее да реши некоj од популарно наречените милениумски проблеми – помеѓу кои е и Римановата хипотеза.
Доктор Опејеми Енок, кој што предава на Федералниот универзитет “Oye Ekiti” во Нигерија, тврди дека го има решението, и потенцира дека најголема мотивација му биле неговите студенти.
Медиумите исто така наведуваат дека нигерискиот математичар за решението пишувал и на својот блог.
– Знам дека ова ќе ве изненади затоа што не ме познавате. Јас сум доктор Опејеми Енок од Нигерија и го решив вашиот нерешлив математички проблем. Ве молам испратете ми ја наградата од милион долари и верувам дека до крајот на денот ќе го имате и мојот доказ – решението, навел Енок во пораката.
Но, и покрај неговите тврдења дека го решил проблемот, Институтот “Клеј” и понатаму проблемот го смета за нерешен, бидејќи како што наведуваат претставниците на таа установа, Енок не го публикувал своето решение, ниту го направил да ѝ биде достапно на јавноста.
До сега само еден милениумски проблем е решен, но наградата од милион долари не е доделена – Григори Перелман во 2010-та година ги одби и признанието и парите за своето решение за Поенкареовата хипотеза.