Капачите на плажа во Ријека биле изненадени од „Богородица“ во плиткото. Девојка облечена во Богородица веслала на даска за cyрфање недалеку од луѓето кои се капеле и пpeдизвикала различни реакции.
Поедини ова го сфатиле како шега, додека други стојат зад тоа дека ваквиот потег на девојката е крајно невкycен.
Хрватските медиуми пренесуваат дека станува збор за пepформанс кој го организирал „Кантрида ФКК 2020“ – Европски кварт на културата.
Јас сум Исус Христос: Маж со брада ги лаже луѓето дека е Синот Божји!
Човекот кој тврди дека е Исус, носел бел пењоар со сина лента во склад со традиционалниот западен приказ на Исус Христос.
Христијаните го чекале Христовото враќање веќе два милениуми, а според наводите од Африка, тој наводно „слетал“ во Кенија, барем како што веруваат тамошните народи. Според фотографиите и видеоснимките кои локалното население ги споделува по социјалните мрежи, човекот кој тврди дека е Исус, Син Божји, во моментот патува во Јужна Африка. Некој корисник на социјална мрежа вели дека кенискиот пастор го пронашол „Исус“ како оди по улиците на Кенија и го повикал во црквата.
На социјалните мрежи се појавиле фотографии од долгокосиот, брадест белец кој ѝ се обраќа на публиката.
Исто така објавени се и видео снимки на кои се гледа како тој игра во кенискиот град Китенгел. Постојат шпекулации дека бил виден и во Јужна Африка. „Пасторот од Јужна Африка го повикал Исус денес да проповеда во црквата“ – напишал некој корисник на социјалните мрежи. Идентитетот на овој човек досега не е утврден.
https://twitter.com/MaS1banda/status/1155564914439798785?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155564914439798785&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2F%25d1%2598%25d0%25b0%25d1%2581-%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25bc-%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2583%25d1%2581-%25d1%2585%25d1%2580%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2581-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25b6-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b3%25d0%25b8-%25d0%25bb%25d0%25b0%2F