Среда не се работи: Кои се другите неработни денови?

ИЗВОРСкопје24
|

Следнaта среда е неработен ден.

На 28 август, среда, се паѓа празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и тој ден е неработен за православните верници во земјава.

Потоа, следен неработен ден имаме на 8. септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, па 11 октомври (петок), Ден на народното востание.

Ова се сите денови кои ни останаа за одмор: За сите граѓани на РМ: 8 Септември (понеделник), Ден на независноста, 11 Октомври (петок), Ден на народното востание, 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба и 8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник).

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед: 1 Ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда) и првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.