Според најновите направени анализи со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот укажуваат дека продолжување на летото ќе имаме и во септември со што може да очекуваме топли денови кој би биле идеални и за освежување во реките и во езерата низ државава.
Сепак некој екстремно топлотни бранови барем засега не се очекуваат, односно условите за нешто такво се многу мали. Што се однесува пак до врнежите иститеби биле околу просекот за тој дел од годината, сепак има услови и за повремено формирање на циклонски системи кој би условувале и поинтензивни врнежи, поради сеуште летните температури на воздухот не се исклучува појава на нови НЕВРЕМИЊА исто така како што беше и најавено во сезонската прогноза за оваа есен.
Инаку од наша страна но и од страна на ACCUWEATHER сезонската прогноза за оваа есен покажува дека истата над нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде често проследена со циклонски системи и врнежи со што има услови и за ПОИЗРАЗЕНИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ