Талентираниот млад фудбалер на Борусија Дортмунд е во врска со 12 години постара актерка

ИЗВОРСкопје24
|

Најдобриот млад играч на континентот за 2018-та година, репрезентативецот на Мароко, Ашраф Хакими признал дека е во врска со 12 години повозрасната актерка.

Младиот десен бек кој игра прекрасно во Борусија Дортмунд е на мета на критики од јавноста поради љубовната врска со преубавата актерка Хиба Абук.

Таа ги магепсала сите во Шпанија со многубојните серии и за неа многу често зборуваат дека е најубавата актерка на светот.

Ашраф е голема ѕвезда во Мароко за чија репрезентација настапува (иако е роден во Мадрид). На само 18 години веќе стигнал да ги затресе мрежите од голот во дресот на националниот тим, а минатата година на Мундијалот ги одиграл сите три натпревари. Како и Ашраф така и Хиба е родена во Мадрид, но исто така корените ѝ се од Африка (Туниско-либиско потекло).

Таа дипломирала арапска филологија, а покрај шпанскиот и арапскиот течно ги зборува и италијанскиот, англискиот и францускиот јазик.