На роденденот на Јелена Карлеуша дојде и нејзиниот татко, скромен и ненаметлив позираше до ќерка си

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша изминатиот викенд го славеше својот 41-ви роденден, а на забавата која се одржа во еден белградски ресторан се појавија членовите на нејзиното семејство, пријателите, колегите…

Карлеуша се фотографираше со сите присутни, а меѓу нив беше и нејзиниот татко кој таа речиси никогаш не го експонира во јавност.

Но, овој пат направи исклучок и заедничката фотографија ја објави на Инстаграм.

Драган денес има 72 година и е пензиониран полицаец, кој во медиумите се појави во 2000 година, но подоцна се повлече од јавноста.

Во една прилика Карлеуша за српските медиуми изјави дека тој бил многу строг татко кој не и дозволувал да биде пејачка.