Лора Турунџиева неполна година откако стана мајка изгледа како манекенка

ИЗВОРСкопје24
|

Постарата ќерка на телевизиската водителка, музичар и писател Сузана Турунџиева, Лора, пред речиси шест месеци за првпат се реализираше во улогата на мајка и на свет го донесе синчето Јаков кое денес е потпораснато бебенце.

Јаков, мама и тато летово постојано се некаде на пат, односно на различни дестинации каде уживаат со својот наследник.

Откако бебенцето дојде во нивниот живот и го обои во сите бои, Лора не беше толку многу активна на социјалните мрежи, но затоа баба Сузе и малата тетка Матеа, редовно споделуваат по некој момент со внучето.

Познато е дека повеќето тазе мајки имаат проблеми со килограмите во постпартум периодот, а убавата Лора за неполна година се врати во топ форма.

За првата фотографија на која покажа во каква форма е, облече хеланки. Од приложеното може да се види дека мама Лора е како манекенка!

Тенки нозе, рамен стомак и секако насмевка на лицето, но најубавиот дел од неа е бебенцето во рацете. Некои од искусните мајки знаат да кажат дека и не се потребни многу диети и напорни тренизи за решавање на вишокот, бебето е сосема доволно за да ја празни и надополни енергијата на мама.

Вистина.мк