ВИДЕО: Вака ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески

ИЗВОРСкопје24
|

Веќе извесно време, фановите на Тоше Проески се незадоволни од изгледот на гробното место на кое почива нашиот пејач со ангелски глас.

Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, објави дека во тек е тендерската постапка и дека за краток период ќе се започне со изградбата на вечното почивалиште на македонската поп-икона, пишува Фемина.

Христоски објави видео во кое е прикажано како ќе изгледа вечниот дом на Тоше. „Погледнете видео за тоа како ќе изгледа спомен обележјето на Тоше, според идејното решение. Видеото го објавуваме на денот на христијанскиот празник Св. Преображение, празник кога сите крушевчани го посетуваат истоимениот манастир и дом на Тоше Проески. После многу години статус кво состојба денес во тек е тендерската постапка за изградба на гробното место на нашата поп икона и за многу брзо започнуваме со изградба“ – стои во описот на видеото.

За изградбата, владата издвои речиси 10 милиони денари, односно 150.000 евра. Животот на нашиот пејач со беспрекорен глас згасна на 16 октомври 2007 година, како последица на сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац во Хрватска.

Видеото погледнете го ТУКА.