Германија со 472.000 отворени работни места: Ова се најбараните професии

ИЗВОРСкопје24
|

Водоводџии и мајстори за греење и климатизација се најбараните занимања во Германија, покажа анализата на Федералната агенција за вработување.

Скоро две третини од сите слободни работни места во оваа индустрија не се пополнети во просек 200 дена, а потоа следуваат негуватели на стари лица со 199 дена, објави RTL.de.

Според анализите, постојат повеќе од 472,000 слободни работни места, од кои 63,000 само во производствени занимања, вклучително и во Бавариндустриска и прецизна механика.

Во Баварија нема доволно машиновозачи на воз.

Здравствените професии следат со 61.000 понуди за работа.

Сето ова го чувствуваат граѓаните – имало проблеми со возните редови во Баварија ова лето затоа што има недостаток на возачи, а се зголемуваат вести низ целата земја за привремено затворање на болниците поради недостиг на медицински сестри, па дури и недостиг на лекари.