Уживајте на ПЛАЖА – ЛЕТНИ температури се до крајот на месецов, детална анализа

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса според најновите анализи се до крајот на овој месец ќе се заджат летните температури на воздухот што значи осетно заладување нема на повидок.

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, за време на викендот пак и тоа особено во сабота и тоа во северната половина од државава ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури оваа недела ќе се искачуваат во интервалот претежно од 32 до 38 степени.

НАПОМЕНА: Сушата која оваа недела ќе ја зафати државава МНОГУ ЛОШО ќе влијае особено врз земјоделието па затоа на земјоделците ги советуваме задолжително да ги наводнуваат своите земјоделски култури и тоа претежно во раните вечерни часови. Исто така поради сушното време големи се шансите и за нови шумски пожари па така на граѓаните ги СОВЕТУВАМЕ да избегнуваат палење на оган во природа.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ