ЈО побара 30- дневен притвор за Катица Јанева

ИЗВОРСкопје24
|

Јавното обвинителство побара 30- дневен притвор за специјалната јавна обвинителска Катица Јанева.

Ова го истакна јавниот обвинител, Љубомир Јовески, прес-конференцијата за случајот „Рекет“ на која присуствуваат и првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат.

Во меѓувреме, дознаваме дека Катица Јанева под полициска придружба е во просториите на СЈО. Се очекува да биде запленет нејзиниот компјутер и други предмети што би послужиле како доказ во истрагата „Рекет“.